18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАБИЗНИС

Ковачевски: Економски мерки од 400 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

„Се наоѓаме во сериозна глобална економска криза. Влијанието врз нашите животи, врз нашиот стандард и економијата е се големи, но како што реков, заеднички, ќе ги пребродиме.. Стратегијата која ја поставивме и која и е преточена сега во овие 26 мерки и препораки вредни 400 милиони евра, е целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза“ рече премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека со мерките се спречува сериозен ценовен шок и на основните прехранбени производи и на цените на енергенсите.

„Воедно, ве уверувам дека житни култури, храна, гориво и енергенси во стоковите резерви има доволно, граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да бидат смирени. Од сѐ има доволно, но предизвикот е друг, цените се енормно високи на сите светски берзи. И тоа е она со кое ние се справуваме денес, а и ќе се справуваме и во наредниот период“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека буџетот на земјата е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски во однос на програмите за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.

„Уште еднаш сакам да упатам апел никој да не се осмелува да профитира на грбот на граѓаните, Владата го ублажува покачувањето на цените со низа мерки, но мораме сите да се однесуваме одговорно, и трговци, и потрошувачи, и поединци, секој да размислува рационално и праведно“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

ДЕСК

Поевтини се, многу вкусни, не мора да ги враќате стаклените шишиња во продавница – Широк спектар на увозни пива ги освојува срцата на Македонците ова лето

ДЕСК

Зошто увозните пива доминираат на македонските маркети? – Многумина сметаат дека се повкусни и поевтини

ДЕСК