Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Двојно ја зголемивме минималната плата, пензиите сега постојано ќе растат

„Кога сме кај минималната плата и пензиите, имаме промена во методологијата, и имаме зголемување на пензиите, ќе се зголемуваат преку 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со порастот на просечната плата и тоа ќе биде неограничено, три пати по 1 000 денари ќе добиваат затоа што тие најмногу се изложени на кризата и им се неопходни пари. На пензионерите кои се со ниски пензии им е потребна помош. Во однос на минималната плата таа е зголемена за 100 отсто во последните години и изнесува 18 000 денари. Ако за една потрошувачка кошничка ни требаа повеќе од четири инимални плати, сега ни требаат само две. Трошоците растат, не само заради нашата држава туку заради зголемените цени во целиот свет. Сиџирите за снабдување се поскапи.“- изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за телевизија 24.

„Интервениравме и кај храната, прво ги замрзнавме цените, после маржите ги ограничивме и низ разговор со трговците се направи дообјаснување на одлуката, за да ги разграничиме трошоците“- дополни Ковачевски

Можеби ќе ве интересира

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава, кои на 2500 метри височина го одржуваат телекомуникацискиот систем на МВР во функција

ДЕСК

Ранет маж во Охрид за новогодишната ноќ – бил нападнат со стаклен предмет

ДЕСК

Нападнат таксист среде Охрид за Новогодишната ноќ

ДЕСК