Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Со диверзификацијата на изворите на гас ќе дојде до намалување на неговата цена

„Република Северна Македонија веќе донесе одлука за влегување во проектот Александрополи, што е терминал за течен гас. На тој начин ќе имаме диверзификација на изворот на гас со што ќе се намали цената“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека преку тој терминал ќе се задоволат 100 отсто од потребите за гас кои Северна Македонија ги користи.

„Освен тоа, во Енергетската стратегија има и изградба на ветерни паркови и фотоволтаични централи, за што се отворени проекти од приватни инвеститори, како и државни инвестиции на старите наоѓалишта во Осломеј, каде што веќе е изградена фотоволтаична централа“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека во план е и изградба на гасна централа, за што ќе се собираат понуди од странски инвеститори, а се разгледуваат и можносите за трансформација на постојните термоелектрани во гасни електрани.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Со налепници биле оштетени знаци, патокази и информативна табла

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

ДЕСК

Претрес во Гостивар, лишено од слобода едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

ДЕСК