Centar.mk
БИЗНИСвест

„Брако“ започна со производство на машини за индустријата за обработка на стакло наменети за германскиот пазар

Од неодамна, производствените капацитети на „Брако“ се ангажирани и за производство на машини кои се дел од машинскиот парк за обработка на стакло.

Станува збор за компактен дизајн на машина, која што е совршенo самостојна работна позиција за одвојување на претходно софтверски исечено стакло. Овие машини се изработуваат во различни димензии и се наменети за германскиот пазар.

Фокусирани на развојот, поддржувајќи ги и прифаќајќи ги специфичните барања од пазарот, тимот инженери на „Брако“ е подготвен за производство на уште една машина од машинскиот парк неопходен за обработка на стакло. Станува збор за машина која што го автоматизира производствениот процес. Времето потребно за обработка на стакло се намалува, а се зголемува ефикасноста за негово деконфекционирање на масата. Дизајнирана со вакуумски капи, машината прецизно го додава необработеното стакло на работната позиција при што интервенцијата на операторот е минимизирана .

„Овој проект започна во ноември минатата година и досега произведовме пет маси за одвојување на софтверски исечено стакло и сите се со различни димензии и спецификации, согласно барањата на клиентот,“ вели одговорниот машински инженер Иван Димитровски.

Инаку, постапката за сечење е целосно автоматска и се контролира со помош на софтвер со вграден каталог на форми.

Стабилната политика на менаџирање и овој пат е во тек со развојните индустрии кои на глобално ниво инвестираат во ресурси за интензивни програми, во случајов програми насочени кон материјалот на иднината – стаклото.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК

Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите

C +

Николоски: Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.