Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Владата подготвува мерки: Намалување на акцизата за горивата и укинување на ДДВ за одредени прехранбени производи

Владата се подготвува утре да објави две значајни мерки за ублажување на ценовните шокови, а во игра е укинување на дел од акцизата за нафтените деривати, како и укинување на ДДВ за одредени прехранбени производи, објави вечерва телевизија Телма во емисијата „Топ тема“.

Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави телевизијата, би било до 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%.

Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, како и за струјата и за парното.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК