Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Облачно време со локални врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, слаби во централните делови од земјата и на југоистокот претежно од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени, јави УХМР.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој понекаде ќе преминува во снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 6 степени.

Во следните денови ќе се задржи умерено до значително облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег. Од вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието до повремено засилен претежно северен ветер. Температурите ќе се задржат пониски, а од среда ќе бидат и значително под просекот за овој период од годината.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИСКА ДЕБАТА – Дезинформациите и вештачката интелигенција пред пратениците

ДЕСК

ПЛАТИТЕ ВО ОДБРАНАТА ВО ФОКУСОТ – Мисајловски денеска ќе ги претстави плановите за зголемување

ДЕСК

Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија? – прашаа од СДСМ

ДЕСК