24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Зголемуваме производство на пченица за да ги задоволиме сите потреби

„Годишно ни се потребни околу 300 илјади тони пченица, а во последната година имавме 253 илјади тони произведено. Останатото го увезуваме, најчесто од Србија. Затоа креираме мерки кои на среден и долг рок ќе значат дополнителен раст на производството“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој кажа дека производството на пчеиница е во постојан раст изминативе години, а дека утре на Владина седница ќе бидат предложени и дополнителни мерки, кои се креирани заедно со сите засегнати страни.

„Количината од 50 илјади тони пченица од Србија е за потребите на стопанството. Таа количина нема да биде вклучена во ембаргото кое го воведува Србија за извоз на житни култури“ рече Николовски.

Тој додаде дека благодарени на „Опен Балкан“, податоците за производството и потребите на сите земји се споделуваат меѓу државите од регионот.

„Преку ‘Опен Балкан’ разменуваме информации во реално време. Немаше владино барање за пченица до Србија. Во стоковите резерви, како што соопштивме имаме околу 45 илјади тони пченица“ изјави Николовски.