Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Три жени се повредени во сообраќајка кај автокампот „Отешево“

Три жени се повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера во близина на автокампот „Отешево“.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Ресен и патничко моторно возило „опел зафира“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ц.Ј.(50) од с.Стење.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ц. (43) од с. Стење, сопатничка во возилото „опел зафира“ а со телесни повреди се здобиле М.Т. (61) и М.Ј. (47) од с. Евла, сопатнички во возилото „опел астра“, на кои им е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК