Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Во понеделник нова цена на горивата – Македонија има најниска цена на дизел во Европа, а еве каде сме со цената на бензинот

Регулаторната Комисија во понеделник треба да ги соопшти цените на горивата кои ќе важат од вторник. На светските берзи денес беше забележан значаен раст на нафтата која достигна 116 долари од барел, но потоа следуваше намалување, пишува Binzispro.com.

Флуктациите на цената на сировата нафта на светските берзи пред се поради ситуацијата во Украина, па така можеме да очекуваме раст на цените на енергенсите.

Македонија има најниска цена на дизел во регионот

Од анализираните податоци за 11 држави во регионот, заедно со нашата, може да се заклучи дека во Северна Македонија цената на ЕУРОДИЗЕЛ во првата недела од месец март е најниска. Највисока цена на ЕУРОДИЗЕЛ плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Северна Македонија се точи ЕУРОДИЗЕЛ по цена од 1,221 евро.

Додека кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 во Северна Македонија се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија. Единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала.

Која е моменталната цена на горивата?

Малопродажната цена во моментов на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 денари/литар.

извор: Biznispro.com

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +