Centar.mk
МОЗАИК

Имате главоболка, а денот штотуку започна: Можеби правите една грешка со првото кафе

Кафето ни помага да се разбудиме и е едно од најголемите задоволства во текот на денот, особено ако го пиеме на мир, додека допрва го започнуваме денот.

Но, една грешка може да доведе до верижна реакција во телото што ќе предизвика главоболка, вели диететичарката Ејми Гудсон.

„Секој различно реагира на кофеинот, но бидејќи го стимулира централниот нервен систем, може да предизвика главоболки, нервоза… Ако имате низок шеќер затоа што не сте јаделе, кофеинот ќе го влоши и ќе се чувствувате уморни, а не енергични, а можеби и ќе почуствувате и болка како да ви пука главата“, предупреди таа.

Главоболката од кафе може да се избегне ако јадете храна со протеини и растителни влакна со вашиот омилен пијалок.

Дури и оние кои го прескокнуваат појадокот, најважниот оброк во денот, треба да изедат барем неколку закуски од одредена храна за да избегнат главоболки.

„Изедете парче тост, јајца, дури и малку грчки јогурт ќе направи разлика. Бобинки, сирење или јаткасти плодови се исто така добар избор“, рече Гудсон.

Можеби ќе ве интересира

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, се очекува да достигне цена од 50.000 фунти

ДЕСК

ВРЕМЕТО НА МИТРОВДЕН ОТКРИВА КАКВА ЗИМА НÈ ЧЕКА – Старо верување предупредува: Кој вечерва не спие во својот дом, цела година ќе спие по туѓи куќи

ДЕСК

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 НОЕМВРИ 2026 – На три знаци им се отвора финансиска шанса, еден ќе добие порака што ќе му го смени денот

ДЕСК