Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Влада: Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2%

Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2%, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 5,6%, односно 0,9 процентни поени.

Владата продолжува со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината.

Согласно Планот за забрзан економски раст, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %.

Економските политики на Владата даваат резултати, просечната месечна нето плата во декември 2021 изнесува 29.943 денари, постигнавме договор за историско највисоко ниво на минималната плата од 18.000 денари, а согласно статистика растот на нашата економија во 2021 година изнесува 4%, кој е близу до владината проекција од 4,1%.

Во услови на светска криза се грижиме и за зачувување на стандардот на пензионерите. Затоа го реализираме и најголемото покачување на пензиите, кои континуирано ќе растат со новата методологија која е усвоена според швајцарски модел. Така, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на “Алкалоид” при официјалната посета на владина делегација на компанијата

ДЕСК

Убава вест: Ново поевтинување на дизелот

ДЕСК

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

ДЕСК