Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена дрога во тетовско и гостиварско, приведени дилери

Вчеравечер (4 март) околу 23 часот и 35 минути, во гостиварско Чајле, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Г.С.(30) од Гостивар и Б.Д.(22) и Б.Д.(27) од Чајле, затоа што им била пронајдена марихуана и дробилка.Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар.

По документирање на случајот ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик. Вчера (4 март) околу 21 часот и 45 минути, на излезот од Тетово кон Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А..(24) од тетовско Камењане и Ф.Р.(25) од тетовско Синичане, затоа што при преглед им била пронајдена бела прашкаста материја.По целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК