Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник, поднесена кривична пријава

ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против И.А.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик. На 09.02.2022 на кеј „Димитар Влахов“ тој и уште три други лица со закана со нож одзеле пари од С.Н.(25) од Скопје. На 02.03.2022 во 17.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, И.А. бил лишен од слобода, а на 03.03.2022 бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил притвор.

Истиот ден (03.03.2022), тој бил спроведен во казнено-поправната установа за издржување на мерката притвор.

Можеби ќе ве интересира

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Инцидент во пробиштипско: Маж со прострелна рана пренесен во Скопје

ДЕСК