Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Граѓаните да бидат спокојни, има доволно гориво и стокови резерви, уверува СДСМ

Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои пченка и пченица, информираат од владејачкиот СДСМ.

Оттука наведуваат дека државата, институциите продолжуваат со редовно снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуални потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резервите.

Нема потреба од паника, велат од СДСМ, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно.

„Владата предводена од СДСМ сериозно и внимателно ја следи ситуацијата, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесуваат штета на интересите на граѓаните и на државата“, се додава во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Драма на кружен тек во Скопје: 24-годишна девојка тешко повредена по удар од товарно возило

ДЕСК

Матурска ноќ завршила со драма: Битолчанец осомничен дека ја држел затворена и повредил 18-годишна девојка

ДЕСК

Наместо да ја смири ситуацијата, ја влошил: Татко осомничен дека нападнал дете во училишен двор

ДЕСК