Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ е против нашето мнозинство во комисиите за да протне свои уставни судии

„ВМРО-ДПМНЕ не сака собраниското мнозинство да се преслика во Комисијата за избори и именувања за да пушти предлози за уставни судии кои ќе паднат на пленум и државата да остане без уставни судии“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека парламентраното мнозинство има обврска и одговорност пред граѓаните да преземе чекори, според Деловникот и Уставот, за да се разреши блокираното Собрание.

Митрески рече дека опозицијата три месеци ја блокира работата на Собранието, недозволувајќи пресликување на парламентарното мнозинство во комисиите.

„Предлозите за менување на членовите на сите комисии треба да дојдат преку Комисијата за избори и именувања. Затоа ние баравме прво да се преслика мнзоинството во таа комисија“ потенцираше Митрески.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК