Меѓународната компанија ги блокираше сметките на руските креатори на содржини за возрасни OnlyFans како дел од финансиското ограничување што следеше по инвазијата на Украина. Неколку корисници на OnlyFans се пожалија дека нивните сметки се замрзнати и дека не можат да споделуваат видеа и фотографии на нив.
„Накратко, немам пари за живот. Многу манекенки се соочија со оваа ситуација. Никој не очекуваше тоа да се случи“, изјави корисничката по име „Bunnie Mommy“ за Ролинг Стон, додавајќи дека нејзината сметка е замрзната од саботата, 26-ти февруари. .
„Иако креаторите на содржини не се одговорни за неодамнешните напади врз Украина, во согласност со глобалните финансиски ограничувања, ние исто така ги ограничивме средствата за плаќање сметки кои доаѓаат од Русија и Белорусија“.
Компанијата во понеделникот испрати ново соопштение во кое се наведува дека активирале блокирани сметки и дека ќе можат да продолжат да работат се додека корисниците им плаќаат.
„Откако имплементиравме финансиски ограничувања, повторно ги активиравме сметките во сите земји. Профилите на создавачите ќе ја имаат целата функционалност сè додека континуирано се платени од корисниците кои ја поддржуваат нивната работа. Нема да суспендираме креатори на сметки врз основа на тоа од каде доаѓаат. Правиме се за да ја поддржиме нашата заедница“, велат од OnlyFans.
Веста беше вистинско олеснување за руските ѕвезди од страницата за возрасни бидејќи многу од нив тврдеа дека ќе се соочат со сиромаштија доколку им биде забрането објавување содржина.