Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Калеска-Ванчева: Опозицијата на секој начин го злоупотребува Деловникот за да прикаже дека Собранието е нефункционално

„ВМРО-ДПМНЕ прави се, на било кој начин, да ја злоупотреби својата позиција и да го злоупотреби Деловникот за да прикаже дека власта е неспособна и дека Собранието е нефункционално“ рече пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека причината за блокирањето на Собранието и нефункционирањето на Комисијата за избори и именувања е тоа што опозицијата го прави Собранието нефункциониално.

„Деловникот има одредени работи кои треба да ги додефинира, токму затоа постои и процесот Жан Моне. Но и за тој процес опозицијата нема многу интерес да се заврши. Во минатиот пратеничи состав имаше интерес, но денес нема“ рече Калеска-Ванчева.

Пратеничката од СДСМ кажа дека опозицијата освен Комисијата за избори и именувања блокира уште десетици закони со безброј процедурални забелешки или амандмани.

„Не е тука проблем Деловникот, туку опозицијата која ги кочи заокните. Тоа е злоупотреба на Деловникот“ рече Калеска-Ванчева.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК