Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев: Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ

Фејсбук статус на екс-премиерот Зоран Заев:

Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ.

Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи.

Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината.

Сите ние, Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК