12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Неовластен ревизор направил незаконска ревизија за да разреши директорка во Гази Баба

Неовластен ревизор, по налог на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ на Гази Баба, Бобан Стефковски, незаконски спровел ревизија на рабоатата на градинка во општината, соопшти СДСМ.

Лицето Добри Петров, спротивно на законот бил назначен за ревизор, без лиценца за ревизор и без положен испит од страна на градоначалникот Стефковски. Потоа, ова неовластено лице незаконски било задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Бидејќи неовластено лице го правело овој документ, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување. Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот. Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката е разрешена.

„Очигледно целта на целата оваа незаконска операција била заради разрешување на директорката на градинката „Детска Радост“. Со незаконска постапка, со незаконски назначување лице за ревизор кое не било ревизор и со незаконски Извештај. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани. Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, кое е локална власт во најголем дел од општините“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.