8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: Политиката на проширување на ЕУ е силен адут за трансформација на државите и општествата

„Ситуацијата во Украина е шанса за ЕУ да покаже заинтересираност и лидерство во Западниот Балкан. Политиката на проширување била и е силен адут за трансформација на државите и општествата. Тоа го видовме со проширувањето од 2004 година кога цела Источна Европа влезе во ЕУ“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.

Тој додаде дека европскиот проект не може да биде комплетен без државите од Западниот Балкан, бидејќи ние сме опкружени со земји-членки на ЕУ и сме во центарот на ЕУ.

„Ова е шанса ЕУ да покаже дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ, пред трети страни да почнат да делуваат со свои интереси тука, кои би не застраниле од патот кој сме го зацртале пред 30 години“ изјави Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека треба да се искористи можноста и да се покаже дека овие земји припаѓаат во ЕУ, за да не се поставуваат прашањата за алтернативи.

„Алтернативни постојат, но тие се полоши од члнестово во ЕУ. Ниту една алтернатива на ЕУ не нуди модел за развој“ потенцираше Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.