12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Архитектите контра Арсовска: Не може да се плашат граѓаните дека Универзална е небезбеден проект

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска продолжува со нејзиното дрско однесување. Овој пат, Арсовска пред десетина медиуми се испорака со претставници на Асоцијацијата на архитекти и проектантот кој го донираше проектот за реновирање на Универзалната сала.

Арсовска со нејзиниот однос на надменост се искара со архитектите од Асоцијата на архитекти, но и со архитектот кој го подари планот за реконструкција на салата, Бујар Муча. Таа ги обвини архитектите дека политизираат и дека не биле направени анализи.

Сепак, стручните лица, градежниците и архитектите едногласно сметаат дека проектот е добар и дека Арсовска е таа која без информации креира скандал.

„Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Ве замолуваме да излезете со информации дека објектот е небезбеден и да кажаете која институција потпишала и кој го кажал тоа“ рече претседателката на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

Дека објектот е безбедн потврди и архтектот Муча кој рече дека воопшто не е точно дека објектот ќе им падне на скопјани врз глава.

„Вие рековте дека ќе падне објектот. Не знаете каква штета направивте. Јас храна деца, други лица хранат деца од оваа фирма“ рече Муча и додаде дека тој смета дека проектот е добар со две позитивни ревизии и два позитивни извештаи од ИЗИС, како и позитивен извештај од професор на Градежен факултет.