2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Кривогаштани, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К.(32) од Кривогаштани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221 мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9 мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“.

Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +