Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Маричиќ: Опозицијата да престане со опсесијата за предвремени избори и да излезе со став за заедно да ги решаваме кризните прашања

„Опозицијата треба да престане со опсесијата за избори и да се фокусира како да изнесе став за важните прашања – од Украина, до процесот со Бугарија, како и за енергетската и здравствената криза“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека опозицијата треба да го поддржи процесот со Бугарија, бидејќи што и да биде договорено нема да биде спроведено преку ноќ.

„Важно е процесот да го изведеме заедно, за да најдеме начин да ги затвориме раните, а не да отвораме нови. Сигурен сум дека во Бугарија ќе има поширока поддршка за тоа што ќе се договори“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека во оваа ситуација кога се решаваат кризни прашања на граѓаните не им се потребни избори и додаде дека повиците за избори и бунтови само ја потврдуваат безидејноста на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК