25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Асоцијацијата на архитекти контра Арсовска: Безбедност на згради оценуваат инженери, не политичари

Асоцијацијата на Архитекти на Македонија со соопштение се спротивстави на ставовите на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска по нејзините изјави за безбедноста на проектот за реконструкција на Универзалната сала.

„Ниту градоначалниците ниту министрите не се тие кои треба да гарантираат материја вон нивните овластувања и експертност. Само стручњак со ист или повисок степен на квалификација може да суди дали некој проект е точен или неточен. Извинете, но плукајќи се меѓусебе цело време ги опоганувате оние кои вистински работат“, реагираат од Асоцијацијата.

Тие реагираат на изјавата на Арсовоска која истакна дека во проектот биле пронајдени недостатоци кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Од ААМ велат дека за квалитетите на проектните решениј.а стандардизирани со закон можат да се произнесат самите учесници според нивната хиерархиска стуктура: проектант, одговорен проектант, ревидент, супер-ревидент, а не политичари.

Архитектите повторија дека во процесот на проектирање и контрола на реконструкцијата на Универзална сала се вклучени и и Градежниот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Според нив, додека овие институции не се повлечат, за нив проектот е легитимен.

За проектот за реконструкција на Универзалата сала, Владата на Северна Македонија издвои 120 милиони денари, меѓутоа градоначалничката на Град Скопје омаловажувајќи ги архитектите со цел добивање на дневно-политички поени изјави дека градежните активности не може да продолжат бидејќи тоа би било опасно по граѓаните.