Centar.mk
БИЗНИСвест

Вицепремиерот Битиќи на Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи – Овој светски настан е уникатна можност да учиме едни од други и да ги искористиме поединечните предности за да растеме заедно

Во продолжение Ви доставуваме интегрално обраќање на македонски, албански и англиски јазик на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на церемонијата со која се одбележа Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, најголемиот настан од овој тип во светот, на кој покрај нашата земја, на посебно уредени павилјони изложуваат уште 191 друга земја од целиот свет.

Церемонијата со која се одбележа Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, започна со воведно обраќање на шеикот Нахајан Мабарак ал Нахајан, којшто е министер за толеранција и соживот во Обединетите Арапски Емирати и Генерален комесар за Експо Дубаи 2020 и со воведно обраќање на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по што следуваше културно-уметничка програма и настапи на КУД „Орце Николов“ и „Албанскиот национален ансамбл“, по што официјалната делегација на Владата на Република Северна Македонија го посети нашиот павилјон на експото, павилјонот на земјата домаќин и направи обиколка на уште неколку позначајни локации на саемот.

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ Банка сега можеш сè! Сите банкарски услуги во твојот телефон

ДЕСК

Не постои посовршено место од дома, а патот до него сега е полесен

ДЕСК

Потврда за отчетноста и отвореноста: „Реплек“ ја освои наградата за најтранспарентна компанија на Македонската берза

ДЕСК