Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСвест

Почнаа санкциите за Русија: Германија го стопира гасоводот Северен тек 2

Германија презема чекори за да се запре процесот на одобрување на гасоводот Северен тек 2, изјави канцеларот Олаф Шолц, додека западот се подготвува да ѝ нанесе сериозна економска штета на Русија. Шолц кажа дека Германија планира мерки со кои ќе се одговори на вчерашното руско признавање на независноста на отцепените региони во источна Украина.

„Владата одлучи да го преиспита одобрувањето на гасоводот. Тоа не може да продолжи имајќи ги предвид руските постапки“, кажа Шолц.

Гасоводот што ги поврзува Русија и Германија беше критикуван од САД и некои европски држави од почетокот на неговата изградба. Вреден 11 милијарди долари, гасоводот првпат беше најавен во 2015 и Ангела Меркел беше негов гласен поддржувач, ветувајќи дека ќе обезбеди евтина енергија за 26 милиони германски домови. Иако завршен во септември, тој сè уште не почнал да испорачува гас.

САД се заканија дека ќе го блокираат гасоводот во случај на руска инвазија на Украина, добивајќи поддршка од Германија.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК