Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Запален ренџ ровер во Скопје – со безбедносни камери снимено маскирано лице како истура течност на возилото

На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје.

Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Спасовден 2026: Денот кога народот верува дека молитвите имаат посебна сила

ДЕСК

ВОНРЕДНИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО, НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четиридневна прогноза

ДЕСК

Понеделник е неработен ден

ДЕСК