Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

ЕВН Хоме ќе мора да купува вишок електрична енергија од домаќинствата и индустријата

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција најави дека за една недела ќе дојде до промена на правилникот со кој домаќинствата и индустриските капацитети ќе може да му продаваат вишоци електрична енергија на универзалниот снабдувач.

Во случајов ЕВН Хоме ќе биде должен да ги купува вишоците од соларните панели по цената на регулираниот пазар, односно по истата која ја купува од АД ЕСМ.

– Електрична енергија ќе може да произведува целата индустрија и домаќинствата и ќе биде обврзувачки да се купува од универзалниот снабдувач по цена која се продава на домаќинствата, рече Бектеши.

Министерот додаде дека ова е една е една од реформите што се прават во енергетскиот сектор заради полесно справување со кризата во која се најде стопанството со неколкукратно повисоките цени на струјата, природниот гас и топлинската енергија.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК