14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: СДСМ покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади на штета на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Додека СДСМ покачува плати и пензии, реализира мерки што носат повисок животен стандард за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на конструктивност и идеи блокира се што е во интерес на граѓаните.

Христијан Мицкоски синоќа најави нови блокади.

Дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници сега ќе го блокираат растот на пензиите и новата методологија?

Мицкоски само потврдува дека нему воопшто не му се важни ниту наставниците, ниту пензионерите, ниту граѓаните, туку сака со блокади да ја замаскира неспособноста на неговите градоначалници.

Тој многу добро знае дека на локално ниво градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат освен што ги партизираат општините, а неговите пратеници во Собранието срамно блокираат измени на Законот кој обезбедува повисоки плати во образованието и трајно вработување на над 4.700 наставници и стручни соработници.

Залудни им се блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, законите во интерес на граѓаните ќе бидат донесени и без нив.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +