Сончево со умерена, а повремено значителна облачност. Кон крајот на денот во крајните западни и северни делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.
Утре ќе се задржи релативно топло, а услови за локален дожд ќе има попладне во крајните западни делови.
Под влијание на студена воздушна маса во вторник ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови.
Прогноза за 22.02.2022
Минимална температура: 4°C до 8°C Максимална температура: 5°C до 11°C
Прогноза за 23.02.2022
Минимална температура: -2°C до 5°C Максимална температура: 5°C до 12°C
Прогноза за 24.02.2022
Минимална температура: -2 до 5°C Максимална температура: 5°C до 13°C