1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Започнува социјалниот дијалог, следува нов раст на пензиите и дополнителен финансиски пакет за пензионерите

Соопштение на СДСМ:

Денеска започнува дијалогот на Владата предводена од СДСМ со сите засегнати страни за ново зголемување на пензиите.

Покрај редовното законско усогласување на пензиите кое се спроведува два пати годишно, оваа година ќе следува и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери, а начинот на реализација на оваа мерка ќе се донесе низ отворен и инклузивен процес на преговори, со цел да се најде најдоброто и најефикасно решение.

Пензискиот фонд е стабилен и може да реализира ново покачување на пензиите. Новата методологија која ќе се изработи низ овој дијалог ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите.

Заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани е врвен приоритет на СДСМ.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +