Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

254 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи. Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 150 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК