8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Ромската заедница останува дел од приоритетите во програмата на Владата 2020-2024 и Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на НВО Челим од Италија, регионалниот претставник на проектот и со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, како имплементатори на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика посветено работи на креирање на политики и активности кои што треба да бидат одговор на предизвиците на најранливите категории на граѓани. Во таа насока е и проектот кој има за цел подобрување на условите за домување на ромската заедница.

„Поддршката за ранливите категории на граѓани, вклучително и ромската заедница е дел и од Програмата за работа на Владата на РСМ 2022-2024 година, каде се наведени заложбите за поголема интеграција на Ромите во сите аспекти на општеството, образованието, вработувањето, здравството, културата, унапредување на нивниот граѓански статус и домувањето. На 15 февруари Владата ја усвои и Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 -2030 како дел од јавните политики на државата и има долгорочни придобивки за ромската заедница,“ истакна министерката Тренчевска.

Стратегијата е подготвена во согласност со Стратешката рамка на ЕУ за интеграција на Ромите за периодот 2021-2030 година, која промовира еднаквост и социо-економска вклученост на ромската популација на ниво на Европската Унија.

Имплементаторите на овој проект информираа за досегашните активности спроведени во Општина Виница, при што беа реновирани 22 куќи, асфалтирање на улици, поставување на улично осветлување, контејнери за отпад и легализација на домовите и нивни упис во ДУП-от на општината. Со активностите беше опфатена ромска заедница од Општина Виница. Вакви активности се започнати и во Општина Прилеп.

Соговорниците изразија уверување за продолжување на соработката, со цел унапредување на статусот и животниот стандард на ромската заедница во Северна Македонија .

Можеби ќе ве интересира

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

Средба на министерката Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ, во заминување

M T

Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на Северна Македонија за претседавањето со ОБСЕ

M T

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

M T