27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Првите дадоа резултат, но ќе има и нови мерки за да нема раст на цените на основните производи

„Ние како држава интервениравме во однос на цените и знаете дека цените на основните прехранбени продукти ги замрзнавме кое замрзнување важи до крајот на февруари. Доколку не беа тие мерки, тогаш зголемувањето на цените ќе беше многу поголемо и затоа се пристапи кон замрзнување на цените на основните прехранбени продукти наведени во листата од Министерството за економија. Цените може да се регулираат на повеќе начини. Има директно замрзнување на цената, меѓутоа во тој случај треба да се видат и реакциите и мислењето на стопанските субјекти кои што работат во производство на тие основни прехранбени продукти и во увоз на такви продукти со оглед на тоа што дел од нив се од домашно произвдоство а дел од нив се од увоз. Постојат и други методологии кои се на располагање на економистите и институции во однос на регулирањето на цените и спречување на нивно поголемо покачување. Тоа може да се направи и преку интервенција во увозните маржи. Министерството за економија веќе има задача тоа да го направи, тие ќе почнат разговори и со производителите и со увозниците за да на крајот на февруари може да имаме нови мерки кои ќе спречат големо зголемувања на цените.“- посочи премиерот Димитар Ковачевски, во интервјуто за Сител.