22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Арсовска не донесе 250 нови еколошки автобуси, не воведе бесплатен превоз за скопјани

Соопштение на СДСМ:

Нема нови 250 автобуси на скопските улици, како што ветуваше во предизборјето градоначалничката на ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Скопјани очекуваваат брзи и сигурни решенија за модерно Скопје, бараат и ефикасен јавен превоз.

Но, во Буџетот за 2022 године не се предвидени пари за набавка на 250 нови еколошки автобуси, туку ЈСП пушта во употреба стари автобуси, претходно повлечени од употреба, без соодветно греење и основни хигиенски услови.

Очигледно е дека граѓаните нема да се возат во нови 250 еколошки автобуси и во наредната 2023 година, бидејќи постапката за набавка на нови автобуси трае најмалку година и пол.

Арсовска во нејзината кампања вети и бесплатен превоз за сите граѓани, но ниту за оваа мерка не се предвидени пари во Буџетот за 2022 година.

Апелираме Арсовска да ја продолжи тендерската постапка за избор на изведувач што ќе го реализира проектот Бас Рапид Транзит, проект во соработка со партнерите од Европската банка за обнова и развој што резултираше со добиени средства од 70 милиони евра.

Овие средства не можат да се наменат за набавка на нови 250 еколошки автобуси како што планираше таа.

100 дена и беа доволни на Арсовска да се покаже како најнеуспешен градоначалник на Град Скопје