Centar.mk
МОЗАИКТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

Пристигна важно предупредување од Apple за сите корисници на iPhone: Ова е тоа што треба да го направите за да се заштитите

Apple ги предупреди своите корисници веднаш да ги ажурираат своите уреди на iOS 15.3.1 поради многу важна безбедносна закрпа.

Станува збор за ранливост на WebKit што им овозможува на хакерите да работат и да извршуваат преку страница за која корисниците не се ни свесни.

„Обработката на злонамерно креирана содржина на Интернет води до извршување на кодот и овој проблем може активно да се експлоатира“, велат од компанијата.

Apple исто така додава дека е можно веќе да има некои напади кои ја искористуваат оваа ранливост и им препорачуваат на сите свои корисници да го ажурираат софтверот што е можно поскоро.

Ажурирањето е достапно за сите корисници на iOS од синоќа. Ако веќе не сте го добиле известувањето, можете да се ажурирате со избирање на „Settings“, потоа „General“ и „Software Update“.

Веднаш штом ќе го внесете ажурирањето на софтверот, уредот ќе почне да ја презема најновата верзија.

Можеби ќе ве интересира

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА ГО КОПИРА ВАШИОТ ГЛАС? – Новата измама со вештачка интелигенција може да звучи како вашето дете, сопруг или родител

ДЕСК

GOOGLE ГО ДОБИ ПРВИОТ ОДГОВОР ОД АИ ВО ВСЕЛЕНАТА – Сателит со специјални чипови успешно генерираше текст

ДЕСК

ДЕЖА ВУ – Зошто понекогаш имаме чувство дека веќе сме го проживеале истиот момент иако знаеме дека тоа е невозможно?

ДЕСК