Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Колку чинеше пропаднатата забава на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонија?

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари. Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМРО-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана?“, прашуваат од партијата на власт.

„Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат средства, нивната партија се луксузира со прослави и отчети за 100 дена, снима спотови и организира настани каде промовира неработење и партизација на општините. Општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, мора целосно да ги намалат непродуктивните трошоци и да се однесуваат одговорно кон парите на граѓаните“, се посочува во писменото соопштение од СДСМ.

Во спротивно, велат, да престанат да се жалат, Владата не е должна да ги поддржува институциите кои вака се однесуваат.

Можеби ќе ве интересира

Утрово, најстудено во Крушево, измерени -8 степени

C +

АПСЕЊА НА ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО: Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп

ДЕСК

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

ДЕСК