Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ го впрегна партискиот член Манасков да организира протест против сметките за струја

Претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков, претставувајќи се како независен, изјави дека коморите, компаниите и граѓаните биле револтирани поради јануарските сметки за струја и најави протест пред Владата на 25 февруари, пишува Фронтлајн.мк.

Тој во јануари, ставајќи ги партиските интереси пред интересот на државата, поднесе низа барања во име на комората со која бараше разрешување на економските министри и останати назначени лица.

Обидувајќи се да го сврти вниманието на јавноста од неработењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија сега повторно го активира Манасков, креирајќи некакво незадоволство и најавуваќи нови протести и блокади.

Манасков на јавноста е познат како несуден кандидат за претседател на државата преку ВМРО-ДПМНЕ, но и како личност која е негатор на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +