10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат пари за струја, а организираат скапи забави

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање рече дека градоначлниците од ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат свесни за својата одговорност.

„Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините, јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата кои што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат, единствено нешто што добиваме од градоначалниците е барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива градоначалниците да се вклучат во справувањето со економската криза и со енергетската криза.“ рече Ковачевски.

Ковачевски ги повика градоначлниците од ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во справување со енергетката криза и со помош за граѓаните, општините и институциите.

Ова го велам од фактот што овие градоначалници кои што се избрани и кои што половина се од опозицијата тие мора да сфатат дека се власт во тие општини, буџетите ги правеа знаејќи дека е криза, тие самите ги правеа буџетите и во нив не предвидоа ниакви кризни програми со кои што ќе се справат а во насока на поддршка на граѓаните и во насока на поддршка на институциите кои што работат во нивни рамки, додаде Ковачевски.

„Дополнително на тоа барањата доаѓаат исто така од градоначалници кои што доаѓаат од партија која гледаме дека наместо да помага на граѓаните вчера организираше целодневни настани со снимање на скапи видеа, со организирање на скапи сали каде што презентираат проекти кои што прво дел од нив се започнати од градоначалниците кои што беа од СДСМ, а второ другиот дел се тотално непостоечки и јас би кажал дека се некое стелт технологија проекти кои што никој не ги гледа и никој не гледа имплементација.“ рече Ковачевски