Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Граѓанските активисти донесоа нов начин на дејствување во Владата

Ангажирањето на граѓански активисти во Владата предводена од СДСМ од 2017 доведе нови начини на дејствување и поставувањето на системот на управување. Пресликувањето на демократсктие вредности во владината служба е за долгорочна корист на граѓаните.

Како еден од граѓанските активисти кои во 2017 година влегоа во владината служба се издојува Марјан Забрчанец кој ги води комуникациите и односите со јавноста.

Како што истакнува тој, со неговиот придонес и со системски напори се инсталираше транспарентноста длабоко во институциите.

„Со својот ангажман и ангажманот на мојот тим и на ПР секторите во министерствата дадовме суштински придонес за државата да добие транспарентна влада. Тоа е влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот“ изјави Забрчанец за Фокус.

Во анализата на Фокус и професорката Мирјана Најчевска истакнува дека вклучувањето во власта на луѓе кои претходно работеле во здруженијата на граѓани може да донесе повеќе позитивни промени, доколку станува збор за луѓе кои искрено влегле во институциите со цел да ги поттурнат понатаму идеите кои ги развиле и застапувале во невладиниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК