24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Македонската влада четири години по ред е со највисок индекс на отвореност во регионот

„Со својот ангажман и ангажманот на мојот тим и на ПР секторите во министерствата дадовме суштински придонес за државата да добие транспарентна влада. Тоа е влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот“ вели националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за Фокус.

Тој додава дека овие титули се стекнати низ повеќегодишен труд и системски напори за инсталирање на транспаренснота низ институциите преку декласификација и објавување документи и информации за кои јавноста пројавува интерес.

Тој додаде дека е горд на петте години во службата за придонесот кон демократизација на општеството и воведувањето на поинакво управување – склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постпува по критиките.

Како што кажа Забрчанец, за време не негивиот ангажман во владата се раководел исклучително од интересите на граѓаните за чија служба е ангажиран, почитувајќи ги демократските вредности за кои се залагал и претходно како граѓански активист.