Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Актуелниот и поранешниот министер за образование и наука Шаќири и Адеми согласни: Образованието треба да ги пресретне брзите промени на современите текови

Образованието треба да биде визионерско, тоа од нас го бараат сегашните генерации кои ќе бидат граѓани на иднината. Заложбите за образование кое ќе ги пресретне, прифати и примени брзите научно-технолошки иновации и промени ни се заеднички, се согласија актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири и поранешниот Арбер Адеми. На денешната средба, на која присуствуваше и Еркан Арифи, градоначалникот на Липково, се разговараше за активностите кои претстојат пред Министерството за образование и наука како и за капиталните инвестиции во образовната инфраструктура.

Адеми, кој е актуелен пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, нагласи дека посебно го радува што министерот Шаќири продолжува со промовирањето на средното стручно образование, активност што заедно со Владата почна во неговиот мандат. Тој изрази подготвеност да му помогне на министерството во процесите на јакнење на дуалното образование, затоа што квалификувањето на младите за полесно вклучување на пазарот на труд е од исклучителна важност.

Двајцата соговорници разговараа и за реформите во основното образование и важноста од продолжувањето на процесите за осовременување на наставните програми како и за унапредувањето на процесот на инклузија.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК