Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Живковиќ: Ќе следи усогласувањето на платите во јавниот сектор

„Владата веќе најави и кажа на економско-социјалниот совет дека дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи“ кажа советникот за труд и социјална политика на претседателот на Владата, Милан Живковиќ во емисијата „Економски магазин“ на АлсатМ.

Тој додаде дека во дејностите каде што има колективни договори каде што коефицинетот за плати е врзан со минималната плата, покачувањата ќе следуваат автоматски.

„Во одредени дејности во јавниот сектор, нивото на сите плати е усогласено согласно минималната плата. Таков е примерот во културата, каде сега платите на сите вработени во овој сектор сразмерно ќе се покачат, согласно колективниот договор“ кажа Живковиќ.

Тој додаде дека ќе се врши усогласување на сите плати и во јавната администрација и дека нема причини за креирање на паника и хаос.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

ДЕСК

Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува, тврди Левица

ДЕСК

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура

ДЕСК