22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Славевски со примања од 100 000 се противи работниците да имаат плата од 18 000

Функционерот на ВМРО ДПМНЕ, професорот Трајко Славевски е претседател на Советот на Град Скопје и наместо 30-тина илјади како другите советници, му следуваат уште 30 отсто, што значи месечната сума му е од 38 до 40 илјади денари. Ако на тоа се дополни и професорската плата која изнесува 50, 60, а можеби и повеќе, тој стигнува до 100-тина илјади денари месечно. Ако се претпостави дека е ангажиран и на некој проект, како што обично знаат да ги имаат професорите, тогаш Славевски месечно заработува и над две илјади.

Оттаму, нејасно е зошто се противи на зголемувањето на минималната плата на 18 000 денари. Постојат многу семејства кои имаат две минимални плати, па со досегашните 15 000 денари им станува тешко да егзистираат цел месец. Иако не го осетил на своја кожа, сепак Славевски мора да знае колку е тешко граѓаните да живеат со една или со две минимални плати, со оглед дека бил министер во владите на Никола Груевски, дека е професор и дека е дел од јавниот живот.

Сепак, неговиот став не успеа да се наметне во јавниот дискусрс за зголемување на минималната плата, па Владата, стопанските комори, сидникатите, односно сите социјални партнери се договорија од следниот месец минималната плата да изнесува 18 000 денари. Со тоа практично за четири години до првата влада на СДСМ, минималната плата се удвои, од 9 000 порасна на 18 000 денари.

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, објави дека 13% од вработените во нашата земја земаат минимална плата. Со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62%, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на синдикатите во преговорите. Најголемиот процент во Европа, на удел на минималната плата во просечната, е во Франција и тој изнесува 50%.

Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90% од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании. Ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството.

На состанокот на социјалните партнери била предложена нова методологија, со која минималната плата ќе се формира половина од порастот на просечната плата и половина од процентот на индексот на живот. Со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57% што ќе обезбедува достоинствено и одржливо покачување на стандардот на долг рок.