Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во скопско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Денеска (08.02.2022), полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК