Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците.

На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија.

Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество.

На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА ИЗБРАНИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – Нови размени за учениците од Западен Балкан

ДЕСК

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК

УТРИНСКА МАГЛА И ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Еве каков вторник нè очекува во Македонија

ДЕСК