Под влијание на влажен бран денес попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка(15-25см), а помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд.
Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер(над 70км/час), утре температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Прогноза за 09.02.2022
Минимална температура: -7°C до 3°C Максимална температура: 5°C до 13°C
Прогноза за 10.02.2022
Минимална температура: -8°C до 1°C Максимална температура: 9°C до 15°C
Прогноза за 11.02.2022
Минимална температура: -6°C до 2°C Максимална температура: 10°C до 16°C