Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица

На 06.02.2022 околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана.

После тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК