Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски на Фејсбук: Очекувам уште утре да најдеме решение за покачување на минималната плата

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски на Фејсбук: Очекувам уште утре да најдеме решение за покачување на минималната плата

Владата предводена од СДСМ е на страната на работниците, а ветувањето за покачување на минималната плата ќе биде исполнето, наведе претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе нѐ одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните.“ се наведува во објавата на претседателот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +