На 23.11.2026 во 11:15 часот во Радовиш, полициски службеници лишија од слобода 40-годишна жена од Радовиш.
При контрола на сообраќајот, полициски службеници сопреле мопед со радовишки регистарски ознаки, кој таа го управувала, и по извршени проверки било констатирано дека го управувала мопедот без да поседува возачка дозвола.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.


